Поврзете се со нас

Свет

Шортс со дабл-дабл го предводеше Париз до нов триумф во Франција

Објавено

на

foto:www.facebook.com/ParisBasketball

Американецот со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс имаше уште едно квалитетно издание во дресот на Париз, издание со кое му овозможи на својот тим да ја продолжи победничката серија во Франција.

Париз славеше на гостувањето кај Нантер со 92:78 во дуелот во кој доби три од четирите четвртини. Сега избраниците на Сплитер се осамени на врвот на табелата со учинок 14-4, учинок кој може да биде израмнет од Шоле ако слави над Стразбур.

Шортс блескаше со дабл-дабл учинок од 16 поени и дури 11 асистенции, а имаше и еден скок. Исто толку кошеви за победничкиот состав даде и Ерера.

Сега Париз може да се фокусира на двојната програма во Евролигата, соочувањата со Олимпијакос и Виртус Болоња пред француското дерби со Асвел.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни