Поврзете се со нас

Свет

Шортс расположен за игра, Асвел направи „брејк“ во Париз

Објавено

на

foto:twitter.com/ParisBasketball

Ти-Џеј Шортс и неговиот Париз загубија од Асвел со 89:85 во вториот натпревар од полуфиналната плејоф битка во Франција.

Домаќините посакуваат да го одбранат својот дом, терен и на ова соочување, меѓутоа противникот покажа повеќе, постојано беше пред нив, диктираше темпо, резултат и успеа да направи брејк или поточно да израмни на 1-1 во серијата.

Четворица играчи кај гостите имаа +12 кошеви од кои на врвот беше Ли со 22 поени.

Кај поразените, Шортс (23 поени, 2 скока, 3 асистенции) заедно со Хифи искомбинираа 50 кошеви, меѓутоа недостасуваше соодветна поддршка за подобар резултат.

Следната средба е закажана за 28 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни