Поврзете се со нас

Свет

Шортс расположен против тимот на Кочов во првата плејоф пресметка во Германија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/telekombaskets

Телеком Бон на нашиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс го потврди статусот на фаворит и оствари убедлива победа над Кемниц со 94-63 во првата средба од четвртфиналната плејоф серија во Германија.

Во изминативе денови Бон одигра два тешки натпревари и го освои пехарот во Лигата на шампионите на ФИБА, но по се изгледа не постои замор, се е во ред ако се суди по оваа партија во која домаќините славеа со дури 31 разлика.

Шортс беше на ниво и за 24 минути на паркетот реализираше 17 поени со 4 скока и 7 асистенции. Поефикасен од него беше само Ерера со 24 кошеви.

Кај поразениот тим каде улогата на асистент ја има македонскиот стручњак Ѓорѓи Кочов, најистакнати поединци беа Рихтер со 14 и Кларк со 12 кошеви.

Следниот меч во оваа серија е закажан за 19 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни