Поврзете се со нас

Свет

Шортс повторно „грмеше“ и го одведе Париз во борбата за пехарот во Франција (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/LNBofficiel

Париз предводен од Ти-Џеј Шортс ќе му се спротистави на Монако во борбата за титулата во првата француска лига.

Имено клубот од француската престолнина излезе како победник од „мајсторката“ против Асвел, славеше на свој терен со 98:92 и со 3-2 ја затвори серијата, поточно обезбеди место во завршниот плејоф каде за ривал ќе има тим кој е моќен и кој некое време настапува во Евролигата и се бори за висок пласман.

Македонскиот репрезентативец Шортс имаше уште една супер партија во која реализираше 28 поени, испорача 9 асистенции, а собра и 3 скока. Зад него беше Хифи кој исто имаше значајна улога во овој резултат со 24 кошеви.

Ловерњ пак со 17 поени и 8 скока беше прво име кај поразените.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни