Поврзете се со нас

Евролига

Шортс повлече кога беше најпотребно и донесе победа за Париз, Фурние во последната секунда и пресуди на Барселона (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/EuroLeague

Париз на Ти-Џеј Шортс успеа со пресврт да слави над Виртус Болоња (83:77) во вечерашниот натпревар од 26. коло во Евролигата.

Домаќините ги добија првите 20 минути со 46:35, ама работите се променија по одморот и францускиот тим одигра поангажирано во одбраната, поефикасно во нападот и успеа да го сврти резултатот во своја полза.

Кога се решаваше натпреварот голема улога имаше Шортс кој постигна 4 поени во низа, забележа асистенција до Банџа Си или севкупно нашиот репрезентативец заврши со 16 кошеви, 4 скока, 6 асистенции и 3 украдени топки. Хифи пак беше прв стрелец со 23 поени.

Еван Фурние пак со звукот на сирената го реши големото дерби меѓу Барселона и Олимпијакос што се играше во „Палау Блауграна“. Гостите од Пиреја го имаа завршниот напад, одговорноста ја презема Фурние кој успеа некако да реализира од табла за конечни 90:88.

Фурние со 18 поени беше трет стрелец во својот тим зад Везенков со 24 и Вилијам Гос со 20 кошеви. Кај Барса која сега има учинок 14-12, Пантер беше автор на 20 поени и 7 асистенции.

На другите две средби Партизан го надигра Монако со 86:69 и Басконија го доби Макани со 89:82.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни