Поврзете се со нас

Свет

Шортс подобар од Џејмс, Париз го освои теренот на противникот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/ASMonaco_Basket

Париз на македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс успеа да направи брејк и израмни на 1-1 против Монако во финалната плејоф серија во Франција.

Гостите одиграа далеку подобро од првиот меч пред се во дефанзивата и најдобар доказ за тоа е што примија 20 поени помалку, воедно добија три од четирите четвртини и сосема заслужено дојдоа до славје пред серијата да се пресели во фрацуската престолнина.

Шортс овојпат ја доби битката со Мајк Џејмс, односно беше автор на 21 поен со 6 скока и 4 асистенции, додека плејмејкерот на домаќините застана на 10 поени со 2 скока и 3 асистенции.

Хифи кај Париз блескаше со 24 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни