Европски првенства
Шортс: Нено е лидер, туку сум за да му го симнам товарот

Ти-Џеј Шортс последен пат го носеше дресот на Македонија во квалификациите за Олимписките игри кои се играа во август 2023-та година, а после долго време, фантастичниот плејмејкер на Париз повторно ќе ги брани боите на нашата репрезентација.
Шортс конечно беше ослободен од својот клуб и доби шанса да се приклучи на националниот тим, што воедно ќе биде прво негово учество во овие квалификации за Европско првенство.
Македонија во последниот прозорец игра против репрезентациите на Естонија и Полска и има императив да оствари две победи, нешто што ќе биде тешко остварливо, но не и невозможно со Шортс и Димитријевиќ во тимот на Јончевски.
– Дефинитивно сум возбуден што пак ќе играм за нешто повеќе од тим, тоа е државата. Се надевам дека ќе помогнам и ќе го направиме нашиот дел, да победиме со Естонија и Полска, па ќе видиме што ќе биде. Едвај чекам на предизвикот, мене ми е исто дали играм за Париз или Македонија, ќе се потрудам да му помогнам на тимот.
– Нено е лидер на тимот, а јас ќе го дадам моето да му помогнам да го симнам товарот од него. Не сакам да зборувам за очекувања, туку сакам да помогнам да се победува. Знам дека Естонија е млад и гладен тим за успеси. Ќе мора да имаме добра енергија, затоа што знам дека имаат одлична публика. Последен пат кога играв со Естонија во дресот на Македонија, го почувствував тоа. Ни зададоа удар многу рано и потоа бевме во проблеми. Сега сакам да биде поинаку од тогаш, – изјави Шортс.
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет23 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија24 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Италија8 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија23 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија22 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот