Поврзете се со нас

Евролига

Шортс најефикасен во Белград, Партизан оствари значајна победа над Париз (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/PartizanBC

Кошаркарите на Партизан остварија значајна победа над Париз од 92:86 во дуелот од 23. коло во Евролигата.

Средбата во Белград понуди навистина интересна кошарка, меч во кој двата состави си имаа свои минути, периоди, ама домаќините водени од тренерот Обрадовиќ и своите навивачи на крајот го имаа последниот збор и обезбедија триумф со кој му се одмаздија на противникот за поразот во Франција, но и воедно дојдоа до подобар резултат во меѓусебните дуели.

Петмина играчи кај „црно-белите“ беа двоцифрени, Џоунс со 17 беше најефикасен, веднаш зад него беше Бонга со 16 поени.

Најефикасен на теренот беше македонскиот репрезентативец Шортс со 19 поени на кои додаде 2 скока и 3 асистенции.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни