Поврзете се со нас

Евролига

Шортс најефикасен против Звезда, Вазенков со страшна партија го уништи Баерн (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/Olympiacos_BC

Црвена Звезда ја продолжи серијата на победи во Евролигата, а најнова жртва е составот на Париз кој беше совладан во Белград со 85:69.

„Црвено-белите“ се во одличен ритам во европското натпреварување за различна од вечерашниот противник кој влезе во криза и за кого ова беше петти пораз во низа. Гостите од Франција го добија првиот период со 25:15, но потоа стигна одговорот од домаќините кои беа подобри во преостанатите три четвртини за 12 славје во 20 натпревар во оваа конкуренција.

Кенан со 15 поени беше лидер на листата на стрелци кај домаќинот, додека пак на дуелот најефикасен беше нашиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс со 17 поени на кои придодаде 4 асистенции и 1 украдена топка.

Партијата на вечерта, колото ја имаше Везенков од Олимпијакос кој против Баерн Минхен уфрли 45 поени. Бугаринот погоди осум од десетте удари за три поени, шутираше перфектно за два поени (10 од 10) и од „пенал“ линијата (1/1), плус собра 7 скока со 2 асистенции во славјето на грчкиот претставник од 112:69. Со ова Саша постави нов рекорд кога е во прашање бројот на постигнати кошеви на еден меч за клубот од Пиреја.

Останатите резултати: Анадолу Ефес-Асвел 76:82, Жалгирис-Реал Мадрид 64:83, Виртус Болоња-Басконија 76:74

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни