Поврзете се со нас

Свет

Шортс меѓу најефикасните, Париз го загуби дербито со Монако (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ASMonaco_Basket

Париз на македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс не успеа да оствари позитивен резултат во дерби пресметката со Монако во рамките на 19. коло во првата франциска лига.

Иако Монако имаше тешка седмица, одигра две средби во Евролигата, собра сили и покажа зошто е најдобар тим во Франција славејќи со 92:85. Гостите водеа со 13 разлика на полувреме (54:41), предност која ја зголемија во третиот период и завршните 10 минути ги дочекаа со плус 22 (77:55).

Домаќинот се разбуди во последната четвртина, успеа да дојде и на минус пет, ама немаше енергија за нешто повеќе. Шортс со 18 поени беше втор стрелец кај поразените зад Хифи со 23 поени. Плејмејкерот зад своето име имаше уште 3 асистенции и исто толку скокови.

На другата страна Џејмс беше лидер со 19 поени, 5 скока и 7 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни