Поврзете се со нас

Евролига

Шортс имаше лоша шутерска вечер, но Париз продолжи да победува во Евролигата

Објавено

на

foto:x.com/ASMonaco_Basket

Париз успеа да ја запише третата победа во низа во Евролигата, откако тимот од француската престолнина вечерва на домашен терен го совлада тимот на Басконија во една тензична завршница.

Тимот на Ти-Џеј Шортс беше подобар во текот на целиот меч и ги диктираше работите до третата четвртина, но потоа домаќините влегоа во вистински хаос, кој малку фалеше да го искористат играчите на Басконија.

По добиените три четвртини, Париз одигра катастрофална последна четвртина и постигна само 10 поени за 10 минути, па Басконија беше на дофат на негативата и малку фалеше да се избори за продолженија.

На крајот, Париз успеа да ја задржи предност и да се израдува на победа од 67:65, и тоа во натпревар во кој лоша шутереска ноќ имаше Ти-Џеј Шортс.

Македонскиот репрезентативец го одигра најлошиот меч во Евролигата, но и во такви услови беше еден од тројцата најефикасни во домашниот табор.

Ти-Џеј погоди само 4 од 18 испратени шутеви за два поени, не погоди ниту една тројка од три обиди, а мечот го заврши со девет поени, исто колку што имаа и Хифи и Ворд. Во поразениот тим, убедливо најдобар беше Монеке со 19 поени.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни