Евролига
Шортс и Париз ја освоија и Пиреја, Милано на Димитријевиќ во победнички ритам (ВИДЕО)
Ти-Џеј Шортс и Париз се незапирливи во Евролигата, натпреварување во кое дојдоа до десеттата победа во низа и тоа на тешкото гостување во Пиреја кај Олимпијакос.
Францускиот претставник иако беше притиснат во последната четвртина успеа да одговори за конечно славје од 96:90 и останување на лидерската позиција. Македонскиот репрезентативец Шортс одново имаше блескаво издание со 21 поени на кои придодаде 8 скока со 3 асистенции, а голема работа заврши и Хифи кој заврши со 20 кошеви.
LES DEUX MAINS ENTIÈRES ON VA FAIRE COMMENT MAINTENANT ? pic.twitter.com/9FEPApYGGN
— Paris Basketball (@ParisBasketball) December 6, 2024
Фурние кај поразените беше број еден со 25 поени.
Ненад Димитријевиќ и неговите колеги од Олимпија Милано исто се во посакуван ритам во Евролигата, а потврда за тоа се петте славје во серија од кои последното беше над Асвел со 92:84.
Двата состави поделија по две четвртини, ама оние кои им припаднаа на избраниците на Месина беа изразени со поголема разлика. Миротиќ и Ледеј стандардно беа во прв план со по 17 поени. Нашиот Нено беше најдобар асистент (5) и реализираше 4 поени за 20 минути на паркетот.
Маледон испорача 24 поени за Асвел.
Црвена Звезда пак беше подобра од Виртус во Болоња, Монако сосема очекува ја надигра Алба Берлин.
-
Светски првенства12 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија18 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Светски првенства13 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија12 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Италија21 час
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија23 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Германија17 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)