Поврзете се со нас

Репрезентација

Шортс и Димитријевиќ ќе бидат наши најголеми адути против Естонија и Полска

Објавено

на

Foto:kfsm.mk

Македонија ја очекуваат дуели против Естонија и Полска во наредниов период, дуели кои ќе го дадат одговорот за тоа дали ќе се пласираме на Европското првенство.

Потребни ни се две победи (онаа против Естонија треба да биде најмалку шест разлика) и плус во последното коло Естонците да загубат од Литванија. Има доста математики и услови за нас, но она што е позитивно е дека за прв пат во овие квалификации ќе ги имаме заедно Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс.

Шортс доаѓа да помогне како натурализиран играч и се очекува да биде огромно засилување за нашата репрезентација. Итан Хап (Валенсија) е повреден и нема да игра, а во тимот ќе ги нема Дамјан Стојановски и Адем Мекиќ.

Подготовките за дуелите со Естонија и Полска кои се закажани за 21 и 24 февруари ги стартуваме денеска од 18:00 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни