Поврзете се со нас

Свет

Шортс го предводеше Париз до нова победа (ВИДЕО)

Објавено

на

Париз на Ти-Џеј Шортс е во одличен ритам и најдобар доказ за тоа се шесте победи во низа во сите натпреварувања.

Најновиот триумф беше забележан во францускиот шампионат и тоа во соочувањето со Ада Блоа со резултат 72:65. Париз водеше 14 разлика по првите 20 минути (49:35), позитива која му овозможи рутинска игра по паузата, поточно заокружување на оваа денешна приказна.

Македонскиот репрезентативец Шортс повторно беше лидер со 15 поени, 4 скока и 6 асистенции, најефикасен беше Хифи со 17 кошеви.

Во наредната рунда Париз се соочува со Шоле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни