Евролига
Шортс го одведе Париз на врвот, Асвел го шокираше Реал во последната секунда (Видео)
Француските клубови Париз и Асвел имаа одличен настап во Евролигата, па првите се искачија на врвот на табелата со рутинска победа над Макаби, додека Асвел го шокираше Реал Мадрид во драматична завршница.
Ти Џеј Шортс повторно беше најдобар поединец на натпревар на Париз во најпрестижното европско натпреварување и со 22 поени и 8 асистенции го водеше тимот до десетта победа сезонава.
Париз победи со 81:93 како гостин и ги искористи киксовите на ривалите, со што е единствен тим со ефект 10:3 и е на првото место на табелата.
Асвел пак се израдува на поништените поени на Кампацо, а во последниот напад искористи 2,4 секунди за да реализира преку Ли и да предизвика ерупција во својата сала, со победата 80:78.
Paris Lee hits a game-winner against Real Madrid pic.twitter.com/1QHxXAzFMa
— Donatas Urbonas (@Urbodo) December 3, 2024
Маледон со 23 и Ли со 13 поени биле најефикасни кај домаќинот, додека Хезоња со 19 поени бил најдобар реализатор во редовите на Реал.
Партизан го победи Жалгирис на домашен терен (84:78), во натпревар на кој домаќините го контролираа резултатот во финишот, додека Панатинаикос славеше во дербито против Барселона (80:79).
Басконија го победи Фенербахче (88:76), додека Анадолу Ефес беше поуспешен од Баерн со резултат 101:90.
-
АТП20 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија19 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија19 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација21 час
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија23 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Италија18 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан
-
Англија20 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија22 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)