Евролига
Шортс диригираше и му донесе победа на Париз, Реал го доби драматичното „Ел Класико“ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс со супер квалитетно издание му донесе победа над Париз над Баер Минхен (93:88) во пресметката во кошаркарската Евролига.
Плејмејкерот беше расположен за игра и со 27 поени, 3 скока и 3 асистенции му го отвори патот на неговиот тим до 16. славје во оваа конкуренција. Втор стрелец беше Ло со 14 кошеви кошеви што јасно покажува каква улога имаше Шортс кој пак на другата страна дефинитивно имаше противник за надигрување во Едвардс со 29 поени и 5 скока.
Нено Димитријевиќ пак со Олимпија Милано славеше над Монако со 86:80. Пресудна се покажа втората четвртина која „манекените“ ја реализираа со 31:23.
Миротиќ и Шилдс со 22 и 19 поени беа во фокусот, Окобо за гостите застана на 16 кошеви. Нашиот Димитријевиќ доби 12 минути од тренерот Месина, период во кој реализираше 4 поени со исто толку асистенции и 2 скока.
Во Мадрид пак се одигра „Ел Класико“ во кое Реал ја доби ослабената Барса со 96:91. Гостите не можеа да сметаат на неколку важни играчи како Лапровитола, Весели, Пантер и Нуњез, ама и без нив беше рамноправна со „кралевите“ до последната минута во која избраниците на Матео подобро се снајдоа и запишаа важен триумф.
Хезоња со 19 и Кампацо со 18 поени беа на врвот на листата на стрелци кај победникот, Паркер и Пара за поразените искомбинираа 48 кошеви.
На другите две средби Звезда загуби од Жалгирис со 80:86 и Макаби го изненади Фенербахче со 94:76.
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет24 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија23 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Германија22 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона