Поврзете се со нас

Свет

Шортс блиску до трипл-дабл против Лимож (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: www.bebasket.fr/ Julie Dumélié

Ти-Џеј Шортс продолжува со квалитетните изданија во дресот на Париз и тоа овојпат во пресметката со Лимож која фаворитот рутински ја доби со 101:77.

Ова за клубот од француската престолнина беше последен тест пред полуфиналето со Лондон Лајонс во Еврокупот, тест кој го положи и во добра атмосфера ќе го дочека европскиот предизвик.

Македонскиот репрезентативец Шортс мина 20 минути на паркетот и беше многу блиску до трипл-дабл, поточно уфрли 12 поени со 8 скока и 10 асистенции. Прв стрелец беше Хифи со 22 поени, а двоцифрени беа уште четворица играчи.

Париз со учинок 19-7 е на второто место во домашниот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни