Евролига
Шортс блескаше против Црвена Звезда, српскиот великан оствари победа со пресврт
Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс имаше одлично деби на индивидуален план во Евролигата, но сепак неговиот учинок не му помогна на Париз да оствари историска победа на премиерата во најквалитетното кошаркарско натпреварување во Европа.
Францускиот тим кој се избори за кошаркарска елита изгледаше подобро од Црвена Звезда во речиси цел тек на мечот, во третиот период имаше и плус 13 поени разлика, но на крајот пресуди искуството на „црвено-белите“.
Звезда успеа да се врати во игра и да се избори за тесна победа од 77:80, па така на најдобар можен начин ја стартуваше новата сезона во Евролигата.
Македонскиот репрезентативец имаше одлично издание и за 28 минути на паркетот запиша 16 поени, а придодаде и со 4 асистенции, 3 скока и исто толку украдени топки.
Шортс го заврши мечот со индекс 21 и тоа беше највисока оценка на натпреварот, бидејќи иста имаше и Никола Калиниќ од противничкиот табор.
Ти Џеј беше убедливо најдобар поединец во својот тим, додека најефиксен на паркетот беше Недовиќ со 21 поен.
-
Италија24 часа
Конте бесен по дербито со Интер: Вакви одлуки поттикнуваат теории на заговор! (Видео)
-
Англија23 часа
Аморим: Руд е легенда на Јунајтед, морам да разговарам со него
-
Шпанија17 часа
Шефот на ВАР системот во Шпанија даде објаснување за поништениот гол на Левандовски (Фото)
-
НБА18 часа
Урнебес: Јокиќ се мачеше со еден англиски збор, па почна да пцуе на српски (Видео)
-
Англија15 часа
Јунајтед го расчисти прашањето за иднината на Ван Нистелрој на „Олд Трафорд“
-
Италија22 часа
Чалханоглу доживеа нешто што не го искусил како играч на Интер : Не мораше баш сега….. (Видео)
-
Европски првенства15 часа
Пешевски е автор на еден од најубавите голови во квалификациите за ЕП (ВИДЕО)
-
Репрезентација16 часа
Фудбалерите се собраа, започнуваат подготовките за завршницата во Лигата на нации (ФОТО)