Светски првенства
Шола со жесток коментар за хрватските фанови: Очигледно сме шминкери, а не вистински навивачи

Светското ракометно првенство годинава се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка, но тоа не значи дека атмосферата во салите во сите три земји е на исто ниво.
За разлика од ситуацијата во скандинавските земји, арената во која настапува Хрватска знаеше да биде празна и тоа во зависност од противникот.
Тоа се повтори на дуелот со Зеленортските Острови, што предизвика многу негативни коментари во хрватската јавност, а најдиректниот напад дојде од поранешниот репрезентативец Владо Шола. Во улога на стручен коментатор, Шола испратил јасна порака до своите сонародници.
– Не ми се верува дека како кодомаќини на СП имаме ваков проблем.
– Ова се гледа и на телевизија, жал ми е што луѓето немаат чувство за бодрење на репрезентацијата и на таканаречените неважни натпревари.
– Очигледно сме шминкери, а не вистински навивачи, – рекол Шола.
Хрватите вечерва играат дерби со Исланд, а потоа се среќаваат со соседот Словенија, па се очекува повторно полна арена на овие натпревари.
-
НБА5 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Лига на шампиони22 часа
Фан од трибините ја сними еуфоричната реакција на Мбапе по голот за победа на Белингам (Видео)
-
Англија24 часа
Излетот во Дубаи заврши навистина лошо: Артета доби трет тежок удар во битката за титулата (Фото)
-
Англија21 час
Далот: Јунајтед може да ја освои Премиер лигата под водство на Аморим
-
Англија7 часа
Последното дерби на „Гудисон“ заврши со хаос на теренот, црвен картон заработи и Арне Слот (Видео)
-
Англија6 часа
Венгер посебно изненаден од еден неочекуван јануарски трансфер во Премиер лигата
-
Англија20 часа
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа
-
Лига на шампиони6 часа
Бесниот Консеисао одговори на само едно прашање и го напушти пресот (Видео)