Поврзете се со нас

АТП

Шокантно видео: Зверев ја „испочитува“ самоизолацијата во друштво на атрактивни хостеси

Објавено

на

Александар Зверев не беше еден од тенисерите кои се заразија со короанвирус на „Адрија турот“ кој се одржа на Балканот, но затоа младиот Германецот во рок од неколку дена ги погази зборовите кои самиот ги напиша по ширењето на заразата меѓу неговите колеги.

Новак Ѓоковиќ, Борна Чориќ, Виктор Троицки и Григор Димитров беа позитивни на КОВИД 19, а во пораката со која им се извини на сите кои ги ставил во опасност со своето присуство на „Адрија тур“, Зверев дополни дека ќе мине 14 дена во самоизолација како што налага протоколот.

Наместо тоа, денеска се појави едно шокантно видео на социјалните мрежи, а на кое може да се види дека Зверев не само што не ја почитува самоизолацијата, туку и безгрижно се забавува во локал каде ниту одблиску не се почитува социјалната дистанца.

Ваквото однесување на Зверев седум дена по хаосот во Задар му донесе безброј критики на социјалните мрежи, па иако видеото брзо беше повлечено од Инстаграм, веќе беше предоцна за намалување на тензијата.

– Филип Плеин веќе го избриша видеото на Инстастори на кое се гледа како Зверев се забавува. Без оглед на тоа колку се мрзливи и себични играчите околу јавното здравје, мора да се каже дека се навистина брзи кога треба да си го спасат својот задник, – порача тенискиот експерт Бен Ротенберг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни