Поврзете се со нас

Свет

Шокантно видео од Белгија: Поранешен играч на Лацио полетал во воздух со автомобил и пробил ѕид од спортска сала!

Објавено

на

Foto:instagram.com/s.kiyine13

Софијан Кијин е познато име за верните следбеници на Лацио кои подетално ги следат случувањата во првиот тим, бидејќи Мароканецот беше под договор со клубот неколку години, иако не доби вистинска шанса.

Играчот за врска беше испраќан на позајмици во Салернината, Киево и Венеција пред да направи трансфер во Леувен каде игра моментално, а сега во Белгија режирал еден нестварен и филмски инцидент кој ја остави цела јавност во шок.

Имено, фудбалерот од најсилната лига во Белгија предизвикал застрашувачка сообраќајна незгода, откако со огромна брзина загубил контрола над возилото и полетал во воздух.

Кијин полетал со својот автомобил и пробил ѕид од спортска сала, а вистинска среќа било тоа што никој не спортувал во објектот во моментот на големата несреќа. Белгиските медиуми откриваат дека млади момчиња завршиле со тренингот неколку минути пред настанот, па со тоа избегнале и сигурна смрт.

За среќа, добро минал и Кијин, кој иако прво бил на интензивна нега и ставен на вештачко дишење, набрзо се стабилизирал и констатирани му се неколку скршеници на телото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни