Боречки спортови
Шокантно видео: Дана Вајт јавно ја понижил својата сопруга со неколку шлаканици во ноќен клуб

Дана Вајт со години наназад е прво лице на УФЦ и претседател на оваа најпозната боречка организација, но како амбасадор на боречките спортови, сега се најде во центарот на вниманието поради еден скандал.
Првиот човек на УФЦ се најде на сериозен удар од јавноста поради видеото кое се појави на социјалните мрежи, а на кое се гледа како безмилосно ја удира својата сопруга за време на новогодишната ноќ.
Дана Вајт и неговата сопруга Ан ја славеле Нова Година во Мексико, но од ноќниот бар во кој присуствувале, се појави видео од нивна меѓусебна тепачка.
Ан е онаа која го задава првиот удар, но Дана Вајт одговара со неколку шлаканици, кои направија сега да излезе и со прва изјава во јавноста.
– Јас и мојата сопруга во саботата бевме излезени за време на новогодишната ноќ. За жал, се случи тоа што се случи. Јас сум од оние момци кои велеа дека никогаш нема оправдување за човек кој крева рака на жена, а сега зборувам тука пред вас, – изјавил Дана Вајт за „ТМЗ“.
– Ова е ужасна ситуација и засрамен сум од тоа што го направив. Имаме три деца и откако се појави видеото, сите сме фокусирани на нашето семејство. Луѓето ќе имаат свое мислење за ова и ќе бидат во право. Никогаш не смее да се крене рака на жена, никогаш, – завршил Вајт.
-
Англијапред 11 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 20 часа
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 23 часа
Тепачка во НБА лигата: Мичел и Брукс влегоа во жесток судир, па двајцата предвреме беа испратени на туширање (ВИДЕО)
-
НБАпред 22 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
Светски првенствапред 19 часа
Коло Муани се уште го сонува зицерот против Аргентина: Можев да го лобувам Мартинез, да му додадам на Мбапе…(ВИДЕО)
-
Англијапред 23 часа
Нуњез ги откри советите на Клоп и призна: Не играм добро!!!
-
Италијапред 22 часа
Алегри: Поставивме добра основа да се вратиме на вистинскиот пат
-
АТПпред 21 час
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир