Шокантно признание на Клатенбург: Поради Мурињо завршив со судењето и ја напуштив Премиер лигата!

klatenburg-joze

Марк Клатенбург стана исклучително актуелен во англиската спортска јавност со ексклузивното интервју кое го даде за „Би-Би-Си“, во кое покрај тоа што го искоментира најконтроверзниот натпревар од шампионската сезона на Лестер, даде и шокантно признание дека ја напуштил Премиер лигата поради Жозе Мурињо.

Клатенбург важеше за најдобар судија во елитното друштво на Англија и навистина ја шокираше комплетната јавност на Островот откако минатиот месец февруари замина во Сауди Арабија како шеф на судиите во оваа земја, а по толку многу шпекулации и приказни во јавноста, ценетиот арбитар сега самиот се огласи и порача што било пресудно за неговото повлекување.

– Јас го судев натпреварот на кој Вејн Руни го надмина рекордот на Боби Чарлтон. Мурињо по мечот дојде во мојата соблекувална и ми порача дека не е задоволен поради тоа што не сум досудил наводно играње со рака. Излегов на стадионот на Стоук кој е еден од најврнежливите и најтмурни во Англија. Кога го напуштав теренот знаев дека одработив одлична работа, но Мурињо влезе да ме критикуа за играње со рака. Знаев дека јас сум во право во тој случај, но неговите зборови силно ме погодија и оставија голем сомнеж во моите мисли. До својот дом имав 250 милји, а возејќи го тој пат постојано размислував дали направив голема грешка. Мојата сопруга сфати дека сум го променил својот став и тогаш си реков себеси „Дали се уште сакам да се бавам со ова?“. После тоа веќе не уживав како некогаш и морав да прекинам, – открива Клатенбург, јасно алудирајќи на натпреварот меѓу Стоук и Јунајтед кој заврши со резултат 1:1 благодарение на голот на Руни во судиското надополнување.

Facebook Коментари