Поврзете се со нас

Формула 1

Шокантно откритие: Макс Мозли се самоубил!

Објавено

на

Поранешниот претседател на ФИА, Макс Мозли се самоубил, а за својата намера претходно ги информирал членовите на семејството и неговиот најблизок соработник.

Контроверзниот Мозли ја водеше ФИА од 1993 до 2009 година, а денеска „Би-Би-Си“ го објави извештајот од аутопсијата и официјалната истрага за начинот на кој починал Британецот на 81-годишна возраст.

Мозли долго се борел со ракот, но откако лекарите му посочиле дека се исцрпени сите начини да се совлада тешката болест, тој решил сам да си го одземе животот.

Ноќта пред да се самоубие пукајќи си во главата со огнено оружје, Мозли му се јавил на својот личен асистент и му го најавил својот план, а оставил и проштално писмо.

Мозли во својата ера како предводник на ФИА се соочи со голем предизвик, а тоа е зголемување на безбедноста за болидите во Формула 1 по смртта на Аиртон Сена, па во наредните години успеа да го доведе натпреварувањето на многу повисоко ниво од овој аспект.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни