Поврзете се со нас

Формула 1

Шокантните случувања во Италија ја откажаа Ф1 трката на Имола (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/F1

Формула 1 возачите и големите фанови на најбрзиот циркус нема да ги дочекаат возбудувањата претстојниот викенд, а причина за тоа е природната катастрофа која го зафати регионот Емилија Ромања.

Непрекинатиот дожд во изминатиот период предизвикал големи поплави во овој регион во Италија и веќе пристигнаа шокантни видеа од автодромот Имола, а набрзо после тоа, водечките луѓе на Ф1 објавија дека трката е откажана и нема да се вози.

– Формула 1 семејството сака да го искаже своето жалење за луѓето и општините зафатени од последните случувања во регионот Емилија Ромања, исто така, сакаме да искажеме поддршка на итните служби кои прават се за да им помогнат на оние кои им е најпотребна помош.

– По разговорите меѓу Формула 1, претседателот на ФИА, Министерот, претседателот на италијанскиот автомобилистички клуб, претседателот на Емилија Ромања, првиот човек на регионот и промоторот на настанот, одлучивме да не продолжиме со гран при викендот на Имола.

– Одлуката е донесена бидејќи не може безбедно да се одржи настанот за нашите фанови, за тимовите и персоналот, а не е ни праведно да бидеме дополнителен товар после сето она што се случува во овие тешки времиња, – гласи објавата на Ф1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни