Шокантниот стајлинг на Рамос во вип ложата не му донесе среќа на Реал, капитенот доби заслужен сеир на интернет (Фото)

ramos-izgle

Реал Мадрид ја продлабочи лошата форма во домашното првенство и веќе врза трет натпревар без победа во шпанската Примера, а новиот пораз од страна на Вилјареал посебно болно го прифатија фановите на „Сантијаго Бернабеу“ бидејќи за првпат почувствуваа неуспех од „жолтата подморница“ на домашен терен.

Вилјареал оствари историска прва победа на „Бернабеу“ со погодокот на Форналс во самата завршница, но наспроти коментарите за лошата реализација на играчите од нападот, на социјалните мрежи посебен хит стана и капитенот на Реал Мадрид кој всушност не беше на теренот.

Поради повреда, Серхио Рамос го пропушти и дуелот со Вилјареал, но сепак успеа да го украде шоуто на трибините со шокантниот стајлинг кој го демонстрираше. Изгледот на Рамос дефинитивно важи за еден од поекстравагантните што сме ги виделе во последно време, а мора да се признае дека сеирот и споредбите кои ги доби на социјалните мрежи навистина ги заслужи….

Facebook Коментари