Шокантни најави од Италија: Милан уште во јануари го враќа големото летно засилување

kalabrialaksaltbakajokokutrone

Од таборот на Милан се подготвени да се откажат од летното засилување кое пристигна од Челси, Тему Бакајоко.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека од Милан има најави за враќање на Бакајоко во неговиот матичен тим уште во јануари, само неколку месеци по неговото пристигнувае во Италија.

Весникот пренесува дека Џенаро Гатузо не е убеден дека Французинот е добро решение за „Росонерите“ затоа што воопшто не се вклопува во играта на клубот. Тоа Рино го потврди и на една прес конференција кога истакна дека 24 годишниот фудбалер не може да ги исполни неговите тактички барања.

Бакајоко има одиграно вкупно 80. минути фудбал во Серија А, додека во Лига Европа ги одигра двата натпревари против Дуделанж и Олимпијакос.

Facebook Коментари