Поврзете се со нас

Свет

Шокантна вест од Шведска: Поранешен играч на Арсенал се бори за живот откако се онесвестил во својот дом (Фото)

Објавено

на

Кристофер Олсон е добро познато име во Шведска и 47 пати го носеше дресот на националната селекција, а како човек кој со години имаше статус на репрезентативец, сега ги минува најтешките и најкритични моменти во својот живот.

Неговиот актуелен клуб Митјиланд соопшти дека Кристофер се бори за својот живот и е ставен на апарати кои му помагаат при дишењето, сето тоа како последица на мозочен удар кој го добил во својот дом.

Олсон се онесвестил на 20-ти февруари додека бил дома и веќе седум дена води жестока битка за својот живот, а моментално е на интензивна нега и лекарите се борат да одредат точна дијагноза за шокантниот расплет.

– Олсон загубил свест додека бил дома во вторникот на 20-ти февруари и оттогаш е во Универзитетската болница во Архус, кадешто е хоспитализиран и приклучен на респиратор. Тој е погоден од акутна болест на мозокот, која не е последица на било каква повреда. Тим од водечки дански медицински експерти моментално работи на поставување дијагноза и отпочнување на соодветен третман, – гласи соопштението на Митјиланд кое предизвика голема тага во Шведска со оглед на тоа што станува збор за само 28-годишен фудбалер.

Фудбалската Федерација на Шведска веднаш испрати соопштение за овој настан и му испрати огромна поддршка на Олсон, кој само за потсетување е поранешен член на Арсенал и во 2013-та година дебитираше за првиот тим на „топчиите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни