Поврзете се со нас

Свет

Шокантна ситуација: Бразилските фудбалери го игнорираа селекторот Доривал пред пенал рулетот (Видео)

Објавено

на

Бразилската фудбалска репрезентација го загуби пенал рулетот од Уругвај и го заврши својот пат на Копа Америка во четвртфиналето, резултат кој секако се доживува како огромно разочаррување во земјата која живее за фудбал.

Селекторот Доривал Жуниор не успеа да ги намести коцките онака како што посакува на овој јужноамерикански турнир, па првиот голем испит како предводник на Бразилците не мина онака како што замислуваше.

За да биде уште полошо, самите фудбалери го ставија во навистина непријатна ситуација воочи пенал рулетот, бидејќи во моменти кога се обидуваше да им дава совети, бразилските играчи го оставија селекторот надвор од кругот.

За разлика од него, Марсело Биелса беше во центарот на кругот и даде точни инструкции за пенал рулетот, па гледајќи од оваа гледна точка, не чуди тоа што Уругвајците победија во истиот.

Бразилските новинари останаа шокирани од однесување на ѕвездите во репрезентацијата, па виралното видео го посочија како срамно и разочарувачко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни