Поврзете се со нас

Свет

Шокантна сцена од Бразил: Полициски службеник испука гумен куршум во голман од неколку метри (Видео)

Објавено

на

Светската јавност остана шокирана од тепачката меѓу уругвајските фудбалери и колумбиските навивачи по крајот на полуфиналето на Копа Америка, но ова не е единствената лудачка сцена која пристигна од јужноамериканскиот фудбал.

Селекцијата на Бразил режираше ново големо разочарување на континенталниот турнир и беше елиминирана во четвртфиналето, па во ситуацијата кога медиумите од оваа земја не беа премногу загрижени за полуфиналињата на Копа Америка, посебно се осврнаа на еден инцидент кој не е за верување.

Станува збор за натпревар од регионалноо натпреварување во пониските бразилски лиги, односно за ситуација од дулеот меѓу Гремио Анаполи и Сентро Оесте.

Натпреварот заврши со резултат 1:2 за гостинскиот тим, а во ситуација кога настанала голема мешаница на теренот, еден полицаец решил да ја користи пушката и да испали гумен куршум.

Голманот Рамон Соуза добил гумен куршум во нога од службеното лице, по што членот на Гремио обвинил дека станува класичен пример за полициска бруталност на еден фудбалски меч.

Шокирани од целата ситуација се и бразилските медиуми, кои бараат итна интервенција од Министерството за внатрешни работи и разрешување на полицаецот кој реши да ја смирува тензијата со пушка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни