Поврзете се со нас

Италија

Шокантна порака за Мурињо од играч на Рома: Мурињо, вечерва ќе шмркаме (Видео)

Објавено

на

Шокантно видео  на кое се гледа актуелен фудбалер на Рома се појави на социјалните мрежи и брзо стана вирално меѓу фудбалските фанови ширум светот.

Имено, пријател на  младиот фудбалер на Рома,Никола Залевски веројатно во алкохолизирана состојба објави видео на кое е заедно со играчот и преку кое упатуваат порака до тренерот на „волчицата“, Жозе Мурињо.

Зеп Дембо, познат трап рапер од Италија кој бил пријател на Залевски го објавил видеото на социјалните мрежи, а на него само кратко упатува порака до Жозе Мурињо: -Ви ја кажувам вистината, вечерва овој пријател ќе шмрка. Мурињо, вечерва ќе шмркаме, ќе го сториме тоа, -викаше Зеп Дембо.

Самиот Дембо го објавил видеото на социјалните мрежи, а кога сфатил што направи веднаш истото го избришал, но залудно затоа што тоа веднаш се прошири на социјалните мрежи.

Директорите на италијанскиот клуб веќе го погледнале видеото и веднаш подготвиле казна за полскиот фудбалер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни