Поврзете се со нас

Англија

Шокантна најава од Германија: Јунајтед го мерка напаѓачот кој разочара во Челси!

Објавено

на

Foto:twitter.com/RBLeipzig

Крајот на годината ќе донесе неверојатно згуснат распоред во Премиер лигата и многу празнични натпревари, но многу брзо ќе дојде време и кога ќе гледаме трансфери во англиската елита.

На еден месец пред отворањето на зимскиот преоден рок, медиумите веќе почнаа да излегуваат со информации кои се собрани од инсајдерските извори, а еден ваков предизвика доста реакции меѓу навивачите на Манчестер Јунајтед.

Германски „Скај“ и новинарот Флоријан Плетенберг информираат за шокантен потег кој планира да се повлече на „Олд Трафорд“, а истиот е поврзан со поранешен член на Челси.

Ерик Тен Хаг сака да донесе уште еден напаѓач кој ќе го намали товарот врз младиот Расмус Хојлунд, а една од најевтините опции во моментов е Тимо Вернер за кого веќе се испратени позитивни реакции од скаутите.

Новинарот Плетенберг информира дека агентите на напаѓачот се известени за интересот кој постои, но засега не е испратена официјална понуда за јануарски ангажман. Вернер е поранешен германски репрезентативец и екс член на Челси, клуб во кој не се прослави и после две сезони се врати во Ред Бул Лајпциг.

За волја на вистината, Тимо во моментов не ужива и во Лајпциг каде го загуби стартното место во тимот, а во Јунајтед на него се гледа како на резервна опција, но и замена за Џејдон Санчо кој повеќе од сигурно си оди во јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни