Поврзете се со нас

Италија

Шокантна информација од Италија: Легендарниот Баџо бил ограбен и претепан во својот дом

Објавено

на

Роберто Баџо доживеал многу непријатна и стресна ситуација во својот дом во Италија, кој бил мета на засега непознати напаѓачи и крадци.

Инцидентот се случил за време на натпреварот меѓу Италија и Шпанија на ЕП, односно во моментите кога Баџо ги следел случувањата на дербито во Германија, при што во неговата вила влегле дури пет вооружени напаѓачи.

Баџо бил во домот заедно со неколку членови на фамилијата, а крадците предизвикале голема драма која траела четириесетина минути, во која покрај пленот со кој си заминале, го повредиле и легендарниот фудбалер кој добил удар во главата со пиштол.

Италијанската легенда и останатите присутни биле заклучени во тоалетот по првичниот напад и конфликт, период во кој крадците собрале многу вредни предмети и побегнале.

Баџо подоцна повикал полиција и бил пренесен во болница, каде му била санирана раната на главата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни