Шокантен момент на футсал меч-хорор старт директно во лицето: Со кунг-фу удар го уништи противникот (Видео)

futsal

И на футсал натпреварите може да биде многу опасно и незгодно, а најдобар доказ за тоа се случувањата кои ни доаѓаат од Бразил од пресметката меѓу Коринтијанс и Интели Сан Карлос.

Коринтијанс го доби овој меч со 4-2, но резултатот дефинитивно остана во сенка на инцидетот меѓу Даниел Батаља и Фернандињо. Овој првиот имаше еден брутален, хорор старт врз вториот и тоа директно во неговото лице по што Фернандињо сосема очекувано се струполи на паркетот, додека останатите актери не можеа да поверуваат што гледаат.

Играчот на Интели Сан Карлос остана без свест неколку секунди за да потоа биде изнесен на носилки и на дополнителни проверки во болница.

Facebook Коментари