Лига Европа
Шокантен меч за Мурињо во Ротердам: Вифер постигна несекојдневен гол, среќата и го заврте грбот на Рома (Видео)

Во репризата од финалето во Лигата на Конференции од минатата сезона, Феенорд денеска успеа да победи на домашен терен против Рома и да стекне предност од 1:0 пред реваншот, но мора да се нагласи дека тоа го направи со голема среќа и во неверојатни услови за Жозе Мурињо.
Португалецот беше сведок на еден од најчудните и најшокантни натпревари во својата кариера, бидејќи неговиот тим пропушти да поведе од пенал во првиот дел, загуби два клучни стартери поради повреда, а за крај, топката едноставно не сакаше да влезе во голот на домаќинот.
Лошиот ден за Мурињо почна со повредата на Пауло Дибала уште во 26-та минута, а потоа пеналот кој не го реализираше Пелегрини пред крајот на првиот дел, се покажа како најава за тоа што следеше.
Феенорд поведе со несекојдневен волеј погодок од Вифер во 53-та минута, а набрзо после тоа рамото си го дислоцираше Ејбрахам кој исто така мораше да го напушти теренот.
Тука не беше крајот на малерите за Рома, бидејќи кога сите ја видоа топката во мрежата по ударот на Ибањез, Идриси успеа некако да расчисти на самата гол линија и спречи израмнување на 1:1.
-
Англијапред 19 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 19 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Англијапред 19 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 20 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 21 час
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)