Шок за ватерполо фановите: Најдобриот светски играч предвреме ја завршува кариерата

Sandro-Sukno1

Ватерполо спортот може да претрпи голем удар ако се исполнат најавите на докторите кои последни го прегледуваа Сандро Сукно.

На хрватскиот репрезентативец кој неодамна беше прогласен за најдобар светски ватерполо играч, му се дијагностицирани проблеми со срцето уште во октомври, а дополнителните анализи ги потврдиле стравувањата.

Сукно не смее да игра до крајот на оваа сезона, што значи дека нема да може да му помогне на својот тим Про Реко, а лекарите велат дека можно е да ја заврши кариерата веднаш. Овој ватерполист ја предводеше Хрватска до победа на последното Светско првенство, а Сукно вели дека ќе направи и дополнителни анализи пред да ја донесе најтешката одлука.

Facebook Коментари