Поврзете се со нас

Англија

Шок за Шпанецот: Артета останува без својот најверен соработник во Арсенал!

Објавено

на

Фото: https://x.com/Arsenal

Микел Артета минува низ тежок период на резултатски план и доказ за тоа се поразите од Борнмут и Њукасл, но како што јавуваат англиските медиуми, уште полоша вест за менаџерот пристигнала од повисоките инстанци во клубот.

Угледниот „Дејли мејл“ рано утрово ја пренесе информацијата дека спортскиот директор Еду решил да го напушти Арсенал после пет години работа во клубот, каде прво беше назначен за технички директор, а во последните три беше одговорен за сите големи трансфери.

Еду беше најверен соработник на Артета и тој директно влијаеше врз реновирањето на тимот во последните три сезони, бидејќи токму Бразилецот му овозможи на Микел да ги добие играчите кои ги посакува.

Еду беше најзаслужен за големите ангажмани на Мартин Одегард и Деклан Рајс, но како што стојат работите, Арсенал сега ќе мора да бара нов човек за водење на спортскиот проект на клубот.

Информацијата на „Дејли Мејл“ ја потврди и „Скај Спортс“, со тоа што вториот медиум информира дека Еду си заминува од Северен Лондон поради тоа што добил извонредна понуда од групацијата на Евангелос Маринакис која води клубови како Нотингем Форест, Олимпијакос и Рио Аве.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни