Поврзете се со нас

Англија

Шок за шампионот на гостувањето кај третолигашот: Сити прими гол од пола терен! (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/leytonorientfc

Манчестер Сити игра разочарувачка сезона и е далеку од тимот кој доминираше во англискиот фудбал, а тимот на Пеп Гвардиола има проблеми да се справи и со третолигашот Лејтон Ориент по 30 минути игра на „Бризбејн Роуд“.

Гвардиола излезе со комбиниран состав на гостувањето во Лондон, но по 16 минути игра, се уште актуелните англиски шампион доживеаја шок во вид на гол од половина терен.

Џејми Донли успеа да го изненади Стефан Ортега од 40-тина метри и постигна неверојатен гол во четвртата рунда во ФА Купот, па сега останува да се види како Сити ќе одговори на овој предизвик.

Значаен момент од воведниот дел на натпреварот е и тоа што шанса во стартната постава доби последното зимско засилување Нико, но Шпанецот се повреди после само 20-тина минути и беше изваден од игра.

Покрај Нико, од зимските засилување во стартниот тим се најдоа и Мармуш и Реиш.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни