Поврзете се со нас

Свет

Шок за Реал Мадрид: Кошаркарите на Пабло Ласо останаа без полуфинале на завршниот турнир

Објавено

на

Реал Мадрид беше еден од фаворитите за победа на завршниот турнир на шпанската Ендеса лига, но вечерва стана јасно дека овој тим нема да игра ниту во полуфиналето.

Валенсија ја победи Гран Канарија со убедливи 97:81 во последното коло во групата и на тој начин го елиминираше Реал, кој веќе нема теоретски шансан за место меѓу најдобрите четири, без разлика на тоа дали ќе победи вечерва.

Реал загуби од Бургос и Андора, а токму Бургос ќе биде екипата која денеска ја совлада Андора во меѓусебниот дуел и поради тоа ќе игра со Барселона во полуфиналето на турнирот.

За мадридскиот клуб ова е голем шок, бидејќи нема да биде дел од финалната фаза првпат од 2011 година, кога титулата ја освои Барселона, која во финалната фаза триумфираше над Билбао.

Вечерва, Реал ќе го заврши настапот во дуелот со аутсајдерот Сарагоса. Во полуфиналето покрај дуелот Барселона-Бургос, ќе се сретнат и Валенсија и Басконија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни