Поврзете се со нас

Македонија

Шок за првиот човек на ФФМ: Сејдини нападнат од три маскирани лица среде Скопје

Објавено

на

Муамед Сејдини е прв човек на македонскиот фудбал и полека влегува во завршнацта фаза од својот втор мандат, а пред да стане познато дали ќе добие и трет, најавените избори за следната година стартуваа со доста немил настан.

Претседателот на Фудаблската Федерација на Македонија за жал вчера бил физички нападнат од три максирани лица додека излегувал од познат ресторан во Скопје, по што целиот инцидент го пријавил во полиција.

Сејдини бил нападнат во моментите кога излегол на паркингот, а најдобра можна вест од целиот случај е што минал без посериозни телесни повреди.

Во кратко разговор за телевизија „Клан“, Сејдини самиот потенцира дека бил нападнат од три непознати лица кои носеле маски на себе, па сега чека реакција од надлежните институции од кои очекува следствено да си ја завршат работата.

– Не знам кој го изврши нападот. Бев во ресторанот „Балканика“, а на излегување бев пресретнат на паркингот од три непознати лица. Фала му на Бога што минав лесно. Се надевам дека органите на МВП и сите релевантни институции ќе преземат мерки за расчистување на случајот, – гласи изјавата на Сејдини.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни