Поврзете се со нас

Англија

Шок за Португалецот: Аморим остана без најдобриот играч на Јунајтед, најверојатно ќе биде во аут до крајот на сезоната!

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Рубен Аморим има доволно големи проблеми во Манчестер Јунајтед, па дефинитивно најмалку што му треба е да има недостиг и на фудбалери поради физички проблеми.

За дербито со Тотенхем, португалскиот стручњак беше свесен дека нема да може да смета на Коби Мејну и Мануел Угарте, но дефинитивно најлошата вест ова попладне за Португалецот пристигнува од Амад Диало.

Најдобриот играч на Манчестер Јунајтед во последните неколку месеци заработил посериозна повреда на зглобот, поради која сега најверојатно ќе биде во аут до крајот на сезоната.

„Дејли мејл“ ексклузивно откри дека станува збор за проблем кој ќе го оддалечи крилото од терените од два до три месеци, а во оваа фаза од кампањата, тоа автоматски може да значи и крај на сезоната талентираниот фудбалер.

Пред извесно време, Аморим поради тешка повреда го загуби и Лисандро Мартинез, па сега останува да видиме каква ќе биде неговата реакција за новата ужасна вест која пристигна од лекарскиот тим на „ѓаволите“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни