Поврзете се со нас

Олимписки игри

Шок за Хрватска: Португалија победи со гол во последните секунди и се пласираше на ЛОИ (Видео)

Објавено

на

Португалија ја победи Франција со гол во последните секунди и на тој начин обезбеди пласман на Олимпијадата во Токио, оставајќи ја Хрватска без можност да се натпреварува на олимпискиот турнир.

Во Монпелје се играше неизвесен натпревар до самиот крај, а една загубена топка на Французите на резултат 28:28, донесе реализација во контра на Силва и конечни 29:28 за Португалија.

За драмата да биде поголема, Французите шутираа и израмнија преку Порт, но судиите не го признаа погодокот затоа што истекло времето.

На овој начин, Португалија, Франција и Хрватска имаа ист број бодови во групата, а отпадна Хрватска што е вистински шок за репрезентацијата која е редовен учесник на најголемите ракометни натпреварувања.

Место во Токио преку квалификациите обезбедија и Норвешка, Бразил, Шведска и Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни