Поврзете се со нас

Англија

Шок за голманот на Ливерпул: Таткото на Алисон се удавил пливајќи во езеро во Бразил

Објавено

на

blank

Таткото на голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, се удавил во езеро во Бразил во близина на неговата викендичка.

Веста за трагичната смрт на 57 годишниот, Жозе Бекер ја потврдија и од бразилската полиција од каде открија дека немилиот настан се случил вчера попладне.

Жозе редовно ја користел браната на езерото за релаксација, а вчера за жал неговиот одмор во родниот Бразил завршил трагично. Пријател и вработен на имотот на Бекер го пронашле телото на починатиот Жозе Бекер неколку часа по известувањето дека него го нема.

Поранешните клубови на Алисон, Интернационал и Флуминензе испратија пораки за сочувство и поддршка до голманот на Ливерпул кој веројатно ќе добие ослободување од клубот и повторно нема да брани на некои натпревари.

blank

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни