Шок за Фенер! Елмас сака да си замине во летниот преоден рок

elif

Според пишувањето на еден од најугледните турски медиуми „Хуриет“ македонскиот екстра талент, Елиф Елмас им посочил на челниците на Фенербахче дека сака да биде продаден во текот на летниот преоден рок.

Пред неколку дена беше одржана средба помеѓу тренерот на Фенер, Ајкут Кочaман и Елмас на која на нашиот интернационалец му било соопштено дека ќе се смета на него во иднина, а дека годинава поради мешаницата на врвот на табелата стратегот ќе се потпре на поискусните фудбалери.

Тоа не му се допаднало на Елмас кој е свесен за интересот за него од големите европски клубови и решил да им посочи на првите лица на Фенер дека сака да биде продаден.

Турските медиуми веќе пишуваа дека за него постои сериозен интерес од Пеп Гвардиола и Манчестер Сити, а за неговите услуги се распрашувале и Борусија Дортмунд, ПСВ и Феенорд.

Facebook Коментари