Шок за Баутиста Агут: Таткото на Шпанецот почина една недела пред закажаната свадба на тенисерот

bautista-agut

Шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут ја напуштил репрезентацијата која настапува на Дејвис купот поради смртта на неговиот татко.

Жоакин Баутиста починал денеска откако нагло му се влошило здравјето, со кое имаше сериозни проблеми по несреќата која му се случила во 2016 година.

Баутиста Агут настапуваше за Шпанија на дуелите против Русија и Хрватска, но веројатно нема да им помогне на своите репрезентативни колеги кои од утре ја започнуваат нокаут фазата.

Медиумите потенцираат дека мајката на тенисерот починала пред нешто повеќе од една година, а новата трагедија го затекна една недела пред планираната свадба.

Facebook Коментари