Поврзете се со нас

Лига на нации

Шок за Артета и фановите на Арсенал: Одегард заработи ужасна повреда и го напушти теренот со плачење (Видео)

Објавено

на

Втората фаза од натпреварите во Лигата на нации полека ги носи до крај возбудувањата на репрезентативен план, но додека клубовите полека се подготвуваат за новото коло кое следи претстојниов викенд, тренерите се уште држат палци сите фудбалери да им се вратат здрави и подготвени за настап.

Такво нешто нема да дочека Микел Артета кога е во прашање Мартин Одегард, бидејќи капитенот на Арсенал заработи ужасна повреда изминатава вечер на натпреварот против Австрија и сега само непознато е колку долго ќе паузира.

Скочниот зглоб на Одегард целосно се измести од место и доби неприродно движење, по што веднаш стана јасно дека станува збор за потешка повреда.

Мартин плачеше на земја и со солзи во очите го напушти теренот, но за да го направи тоа, мораше да добие и помош од лекарите.

Лошите гестикулации на Одегард не даваат добри сигнали за повредата, поради која повеќе од сигурно ќе го пропушти дербито со Тотенхем, а многу веројатно и уште неколку натпревари во наредните неколку седмици.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни