Шок во Шкотска: 12-годишно дете обвинето за расизам за време на големото дерби

albert-morelos

Големото шкотско дерби меѓу Селтик и Глазгов Ренџерс одиграно на крајот на претходната година донесе вообичаена тензија на теренот и трибините, но шкотската јавност е шокирана од информацијата објавена од полицијата.

Според истата, отворена е истрага против 12-годишно момче поради расистички навреди на сметка на гостинскиот фудбалер, Алфредо Морелос.

Полицијата разбирливо не го открива идентитетот на обвинетиот, но истрагата ќе донесе разрешница по која сигурно ќе има и некаква санкција за момчето кое со своето однесување непријатно ги изненади фудбалските фанови.

Facebook Коментари