Поврзете се со нас

Шпанија

Шок во Севилја: Пронајдено безживотно тело на шпански фудбалер меѓу два вагони

Објавено

на

Foto:instagram.com/canteraccf_oficial

Шпанската полиција денеска со официјално соопштение го потврди она од што стравуваше цела јавност, односно извести дека е пронајдено безживотното тело на младиот фудбалер Алваро Прието.

Сите шпански клубови од Сегунда изминатиот викенд излегоа со рекламен материјал за 18-годишниот фудбалер кој се водеше за исчезнат од 12-ти октомври, а кој четири дена подоцна за жал е пронајден мртов.

Според истрагата на полицијата, Прието во четвртокот вечерта бил излезен во дискотека во Севилја заедно со свој пријател, а во утринските часови се упатил кон железничката за да се врати во родната Кордоба. Имено, младиот фудбалер имал проблем со билетот и не му било дозволено да се качи на возот, а последно од безбедносните камери бил уловен како ја напушта железницата.

Четири дена подоцна, неговото безживотно тело било забележано измеѓу два вагони на воз во движење, а снимката била проследена и на националната шпанска телевизија.

Полицијата потврди дека се работи за младиот Алваро кој бил член на вториот тим на Кордоба, па сега сите шпански клубови се солидаризираа и побараа одговори за начинот на кој Прието го загубил животот.

Најголемите шпански клубови изразија жалење и голема тага за смртта на Прието, со желба дека набрзо ќе пристигнат и одговори од надлежните органи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни