Шок во семејството на Наинголан: Сопругата на фудбалерот на Интер откри дека има рак и дека живее во кошмар…

nainggolan-moglie04-1-e1467369736946

Сопругата на Раџа Наинголан, Клаудија, преку социјалните мрежи откри навистина страшни вести потврдувајќи дека се соочува со канцер.

Клаудија на својот Инстаграм профил објави трогателна порака со која најави дека наскоро ќе започне со хемотерапија со цел да се излечи од оваа опасна болест.

– Помина еден месец откако станував наутро и се надевав дека е само кошмар. Се будев изминатиот месец и сфатив дека живеам во кошмар. Се надевав дека овој ден ќе дојде што е можно подоцна, но не беше така. Овие денови одлетаа исто како и мојата среќа… Од денес заопчнувам нова етапа во мојот живот. Хемотерапија. И кој некогаш би рекол дека Клаудија, барем еднаш во животот ќе се плаши да започне нов ден.  Што можам да кажам, по многу солзи, време е да одам и да се борам со оваа грда ѕверка. Со целото мое срце се заблагодарувам на моето семејство и пријателите кои ми помогнаа да уживам овој месец и да се релаксирам на најдобриот начин, што ми дадоа сила и позитивни мисли за да се соочам со се. Но над се што ми овозможија да се справам со промените во моето расположение. Со среќа на сите кои живеат и поминуваат низ ист кошмар. Никогаш не губете ја насмевката, -напиша Клаудија Наинголан.

Поддршка за сопругата на Раџа најпрво стигна од неговиот поранешен клуб Рома.

Наинголан пак во моментов е во „ќорсокак“ со оглед на фактот што му е кажано дека не е во плановите на Антонио Конте во пресрет на следната сезона.


View this post on Instagram

E’ da 1 mese che mi sveglio la mattina sperando si tratti solo di un incubo.. è da 1 mese che mi sveglio la mattina e realizzo di vivere dentro ad un incubo. Ho sperato che questa giornata arrivasse il più tardi possibile ma non è stato cosi.. le giornate sono volate e con loro anche la mia allegria.. da oggi inizierò un nuovo percorso della mia vita.. la CHEMIOTERAPIA. E chi lo avrebbe mai detto che Claudia per una volta nella vita avrebbe avuto PAURA di iniziare una nuova giornata.. paura è dire poco.. che dire, dopo secchiate di lacrime versate, è ora di andare a combattere questa brutta bestia ‍♂️ ringrazio con tutto il cuore ❣ la famiglia e gli amici che mi hanno aiutata a vivere al meglio questo mese di relax dandomi tutta la forza e la positività necessaria ad affrontare tutto…ma soprattutto hanno saputo gestire ogni mio malumore (con un alto livello di sopportazione) IN BOCCA AL LUPO A ME E A TUTTE LE PERSONE CHE STANNO VIVENDO IL MIO STESSO INCUBO.. #nonperderemaiilsorriso

A post shared by ✨✨ℂℒᎯUⅅℐᎯ ✨✨ (@claudia_lai_nainggolan) on

Facebook Коментари