Англија
Шок во Манчестер: Ретклиф го „шутна“ засилувањето од Њукасл по само пет месеци! (Фото)
Манчестер Јунајтед минува низ големи турбуленции и по целосната смена во раководната структура во клубот, па слободно може да се каже дека првите месеци под водство на Сер Џим Ретклиф се исто така конфузни како и последните неколку години.
Британскиот бизнисмен реши да прави целосна реконструкција во раководството и ангажираше луѓе од доверба, а покрај тоа што го ангажираше Омар Берада од Манчестер Сити, во текот на летото го донесе и Дан Ешворт од редовите на Њукасл со платена отштета од околу 3 милиони фунти.
Оперативецот на Њукасл беше назначен за нов спортски директор на Манчестер Јунајтед, но после само пет месеци, лошата комуникација и големата разлика во замислите направи да дојде до сензационален расплет.
Ретклиф многу брзо воочил дека не може да пронајде заеднички јазик со директорот за спортскиот проект, па така ова претпладне пристигна информација дека соработката е завршена.
Во соопштението на Јунајтед се вели дека одлуката е заеднички донесена, но поупатените медиуми како „Би-Би-Си“ информираат дека оваа одлука за отказ му била соопштена на Ашворт уште вчера по поразот од Нотингем Форест на „Олд Трафорд“.
Dan Ashworth will be leaving his role as Sporting Director of Manchester United by mutual agreement.#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) December 8, 2024
-
Светски првенства18 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија24 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија18 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства19 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија23 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Германија23 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија23 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет24 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот